HomeМакедонија16.000 денари камата платил вработен во Македонски шуми поради доцнење на платите

16.000 денари камата платил вработен во Македонски шуми поради доцнење на платите

Published on

Осум  месеци во Македонски Шуми платите се исплаќаат нередовно и надвор од законскиот рок, тврди Зоран Атанасов вработен во подружницата на Македонски Шуми –  Делчево

Поради ова тој за овие осум месеци платил 16.000 денари камата на кредит и поради нередовно плаќање на сметките

Зоран Атанасов вели дека не самот тој туку и останатите вработени се оставени сами на себе и никој не ги штити, а во Синдикатот останал само тој.

Од менаџментото на Македонски шуми за доцнењето на платите велат

Правиме се што можеме платите кои сега доцнат 15 тина дена да ги исплаќаме во законски предвидениот рок. Состојбите се подобруваат и убедени сме дека во вака тешки економски услови за работа Национални шуми на Македонија го подобруваат работењето, објаснија од менаџментот.

Од друга страна иако платите се со доцнење Национални шуми објавија оглас за нови вработувања што за актуелно вработените е необјасниво бидејќи тие на состојбата во нивната компанија гледаат поинаку.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...