HomeШтипОткако минусот ќе си замине во Штип ќе започне градежната офанзива, најавува...

Откако минусот ќе си замине во Штип ќе започне градежната офанзива, најавува градоначалникот Иван Јорданов

Published on

Одкако минусот ќе си замине на повеќе локации на Штип ги очекува градежните машини.

Според градежната агенда, денешното одстранување на заштитната ограда на кејот од Отиња на потегот Каменик мост судска зграда е почеток на последната фаза од поставувањето на конзоли на реката Отиња.

Веднаш потоа на почетокот од март, ќе започне изградбата на кружниот тек Бриони по што, ќе уследи и промена на сообраќајниот режим на кејот Маршал Тито од новиот кружен тек па до мостот кај судската зграда. Тој дел од улицата ќе биде двонасочен,а компензација на сегашните паркиралишта е планирана на местото кај што е некогашниот пазар и кај што сега стојат неискорестите тезги.

Паралелно,  секоја температура над нулата ќе значи и бетонирање на катната гаража кај Домот на културата и почеток со градба на нова на улицата Ванчо Прке до зграда Нама.

Овие проекти ќе го изменат ликот на централното градско подрачје и Штип визуелно и сообраќајно ќе функционира различно. Освен изградбата на втората катна гаража сите останати проекти треба да завршат до мај.

По ова следува реконструкција и комплетно визуелна измена на улицата Ванчо Прке.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...