Во периодот септември – јануари, односно за само 4 месеци во штипските основни и средни училишта има над 70 ученици помалку.
Освен овие, дополнително над 20 ученици од непознати причини на настава не се појавуваат во ОУ Гоце Делчев.
Полошо од ова е неизвесноста дека оваа учебна година ќе заврши и со овој број, бидејќи во некој училишта најави за заминување веќе има. Тие се условени од родителските планови кои се сврзани со датуми на заминување во странство.
Лани, за една учебна година 81 ученик ги напуштиле своите соученици заминувајќи со родителите во странство. Засега овој број е нешто помал, но со оглед дека претстојат уште 4 учебни месеци реално е да се очекува овој број и да се надмине.