Длабокиот температурен минус, засега не е ризик за сливите во делчевско и Малешевијата. Синоќа измерените минус 19 можат да бидат опасни доколку се повторат во наредните денови, објаснуваат производителите.
Минусните температури исто така засега не го загрозуваат ниту здравјето на житните култури, пред се на пченицата. За нив, добра околност е снежната покривка, која ги штити од последици.
Според Златковски, со минимален ризик се посевите кои се покасно насадени.