HomeМакедонијаЛошото претстои, доброто е што годинава вакцинирани има рекорден број, вели за...

Лошото претстои, доброто е што годинава вакцинирани има рекорден број, вели за ТВ Стар, портпаролот на КЗБ, др Злате Мехмедовиќ

Published on

Засега е добро, но доброто може да биде лошо на почетокот и крајот од февруари. Вака за Тв Стар, ја опишува и прогнозира здравствено епидемиолошката состојба во државата со грипот и другите заразни болести,портпаролот на Комисијата за заразани болести, др Злате Мехмедовиќ, давајки го соодносот на заболени на 100 илјади жители.

Причина за моментално добрата состојба со бројот на заболени е фактот што годинава се вакцинирани рекорден број граѓани од страв да не им се повторат минатогодишните искуства,потенцира Мехмедовиќ.

Во сите напори,инфекциите да се задржат на најниско ниво пред се е потребна голема лична одговорност,вели гласноговорниокот на Комисијата за заразни болести, споменувајки куп од фактори кои се блиски до оваа проблематика.

Во моментов, согласно податоците од Институтот за Јавно здравје, на ниво на држава се регистрирани 1182 заболени од грип. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...