HomeМакедонијаСветска кариера на штипскиот балетан Игор Киров. Тргна од никаде, а стигна...

Светска кариера на штипскиот балетан Игор Киров. Тргна од никаде, а стигна до секаде во светот.

Published on

Огромна кариера и професионален респект оствари штипскиот балетан и кореограф Игор Киров насекаде во светот. Од Америка, до Русија, Африка, Јапонија и Кина се наоѓаше името на Киров во сите национални, културни установи каде настапуваше.

Како балетан Игор за прв пат пред широкиот аудиториум се појави 1990 година на Макфест. Кое е чупството сега за првиот голем јавен момент ?

По овој настап, Игор со неверојатна ернергија и одлучност тргна да гоосвојува светот на балетот.

По Холандија, повици за настапи имаше од сите страни, поради неговите оригинални, сензитивни и исклучително креативни настапи.

Неговото тело и движења зборуваа на сите јазици.

Неговата интернационална кариера се надоградуваше на сите важни места во светот. Се прашуваше ли тогаш Игор, дали станува збор за реалност или сеуште тоа се само желби.

На овој начин Игор Киров нанижа 20 ??? години и одигра 1.000 претстави за кои доби извонредни стручни рецензии. Можно ли е во сите настапи да бил секогаш различен ?

Сепак, во еден момент тој одлучува да стави крај на балетските настапи, бидејќи предизвикот сега беше кореографијата која нуди нов огромен простор за креација и работа.

Ова му го отвори патот и тој беше именуван за уметнички директор на Хрватското народно казалиште во Сплит од каде тој носи неверојатно искуство.

По овој ангажман негово ново работно место му станува целиот свет, бидејќи тој сега е фриленсер.

Во целата оваа блескава кариера, досега не ја споменавме Македонија и Штип. Местото од каде Игор одлучно и по секоја цена тргна во неговиот тогашен предизвик.

Игор деновиве е во Штип и Макеоднија без кои вели дека во ниту еден случај неможе. Тоа што интересот од државните институции за него и неверојатната кариера се разминуваат вели дека е само склоп на ,,околности”. За тие што треба тука сум со сето знаење, љубов и срце, порачува Киров.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...