HomeМакедонијаУспешен е во сите невозможни мисии

Успешен е во сите невозможни мисии

Published on

Лукот е едно од најстарите растенија во светот и може да се најде во речиси секоја кујна. Сепак, тоа не е само одличен додаток на вашите оброци, туку и многу здрава храна.

За здравите придобивки од храната потврдуваат и продавачите кои велат дека во овој период од годината лукот се бара најмногу.

На тезгите на штипскиот пазар можеа да се забележат два вида на лук кои одпрвин се исти, но всушност меѓу нив има разлика на вкус и мирис, но и мала разлика во цената.

Големата побарувачка на лук е оправдана, бидејќи него често го препорачуваат и лекарите, но и нутриционистите.

Оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали значително придонесува за процесот на стареење. Антиоксидативниот состав на лукот го помага природниот одбранбен механизам на телото од предизвиканите оштетувања.

Комбинацијата од намалувањето на холестеролот и високиот крвен притисок, но и силниот антиоксидативен состав, не само што придонесуваат за здраво срце, туку и за мозочните заболувања кои најчесто доаѓаат со стареењето, како деменција и Алцхајмерово заболување, потенцираат експертите.

Празничниот слободен ден и убавото време денес ги изнесоа штипјани на градскиот пазар, а цените на најбараните производи околу пладне беа следни:

Компир 50, зелка 60, млад кромид 30 ,марула 40, , лимон 60, банана 70, мандарина 60, кива 60 ,јаболка 50 и спанаќ 100 денари за килограм.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пред парламентот наидовме на опљачкана држава и кримал на секаде

Наследивме опљачкана држава и кримаинал на секаде околу нас но за 30 дена од...

Угледниот професор Бранимир Јовановиќ алармира : за камати годишно плакаме повеке отколку за пензии и социјална помош

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот на Буџетот за 2024 година што новата...

СДСМ повторно  поставува прашања за имотот на Јанушев и Тошковски

СДСМ  денес повторно поставува прашања за имото на Игор Јнаушев и Панче Тошковски. Првиот...