HomeМакедонијаНајмасовно досега се скокаше по чесниот крст по повод Богојавление – Водици...

Најмасовно досега се скокаше по чесниот крст по повод Богојавление – Водици во Источниот регион

Published on

Најмасовно досега се скокаше по чесниот крст по повод Богојавление – Водици во Источниот регион.

Во Штип по чесниот крст скокаа над 100 верници и тоа на две места.

Во Ново Село, каде до крстот стигна Ристе Атанасов.

Од Брегалничката епархија и градоначалникот Иван Јорданов на среќниците им беше посакано здравје и успех.

На втората локација, исто така на Брегалница, кај Астибовата градинка најсреќен беше Оливер Стојанов

Добро здравје и долга традиција посакаа и Митрополитот Брегалнички Иларион, градоначалникот Иван Јорданов, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и пратеникот Никола Мицевски.

Во Карбинци чесниот крст се положуваше на три места и до него најбрзи беа Кире Велинов од Карбинци, Жарко Михајловски од Долни Балван и Филип Стоиловски од Таринци.

Интересно е тоа што еден од нив Кире Велинов за традицијата специјално стигна дури од Италија каде е на работа и за негова среќа во 4тиот обид успеа овој пат.

Идентично беше и во останатиот дел од регионот каде се скокаше, на уште десетици места.

Во Берово крстот најпрвин во рацете го имаше Ефтим Руменовски, во Делчево Борче Мирчевски, во Кочани Александар Јанков , Пробиштип Бобан Јацевски, Бобан Јованов во Злетово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...