Министерот за здравство Фатмир Меџити е изненаден и ќе ја испитува нетранспарентноста на Здравствениот дом во Штип кон ТВ Стар. Тој вети дека ќе стапи во контакт со раководителот на институцијата и ќе побара објаснување од кои причини јавните информации тие за граѓаните ги претвараат во недостапни.
Проблемот настана одкако вработени во ЈЗУ Здравствен дом Штип, самоиницијативно и неодговорно одлучија граѓаните да ги лишат од информации од јавен карактер.