HomeМакедонијаСе воведуваат стручна матура и влезен академски испит

Се воведуваат стручна матура и влезен академски испит

Published on

Владата, на вчерашната седница, утврди текст на нов Предлог на закон за средно образование.

Целта, е да се овозможи унапредување на системот на средното образование, со што директно ќе се влијае на квалитетот на целокупниот систем на образование во државата.

Посебна новина којашто се воведува е во поглавјето „Испити на крајот на средното образование“, односно воведувањето стручна матура и влезен академски испит. По завршувањето на последната година на гимназиското образование, како што е предвидено, учениците полагаат државна матура, или училишна матура. По завршувањето на последната година во Меѓународна програма за средно образование (ИБ програма) учениците полагаат меѓународна матура и/или државна матура.

Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите:

Се запишани на четврта година од средно стручно или уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

Во однос на завршетокот на учебната година, министерот најави нови датуми кога учениците ќе се збогуваат со училишните клупи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски пред парламентот наидовме на опљачкана држава и кримал на секаде

Наследивме опљачкана држава и кримаинал на секаде околу нас но за 30 дена од...

Угледниот професор Бранимир Јовановиќ алармира : за камати годишно плакаме повеке отколку за пензии и социјална помош

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот на Буџетот за 2024 година што новата...

СДСМ повторно  поставува прашања за имотот на Јанушев и Тошковски

СДСМ  денес повторно поставува прашања за имото на Игор Јнаушев и Панче Тошковски. Првиот...