60 скокачи по Чесниот крст се пријавени до денес во Штип, потврди свештеникот од Брегакничката епархија, Добрица Јанев, потенцирајќи дека, бројот сигурно ќе се зголеми со оглед на тоа дека пријавувањето ќе трае два часа до пред положувањето на крстот.Според последните податоци, најмладиот скокач има 17, а најстариот 40 години. За Светиот крст во Штип се скока на две места.
Во меѓувреме и во останатите општини, техничките активности за адаптирање на местата каде што крстот ќе биде положен се финализираат.
И во Пехчево се е подготвено за реализација на овој свет чин.
Положувањето на Светиот крст во пехчевската општина ќе се изврши во водите на реката Писа. Тоа ќе се случи во 10 часот во центарот на Пехчево. Годинава за оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот, предвидени се пригодни подароци информираат од општината.