HomeШтипШтипјанец доби сметка за струја од која го боли главата

Штипјанец доби сметка за струја од која го боли главата

Published on

18.590 денари е последната сметка за струја која штипјанецот Борче Ѓеорѓиев ја доби од ЕВН и од што го боли глава. Вели дека досега ова е највисоката сметка за струја што му дошла во животот, а незнае зошто.

Претходниот месец Ѓеорѓиев исто така добил висока сметка од 10.500 денари, но некако ја преживеал, надевајќи се дека наредниот месец ќе му биде искомпензирана во помалку.

Напротив, следниот месец ја добил шокирачки високата сметка.

Досега, во зимскиот период просечно Ѓеорѓиев плаќал помеѓу 6 и 7 илјади денари, но сега со новите тарифи тој е комплетно збунет што се случува, бидејќи тој како потрошувач од ЕВН е делигиран во четвртиот и најскап блок.

Ѓеорѓиев нема пари да плаќа толку високи сметки и е револтиран поради она што му се случува.

Ние побаравме одговор од ЕВН, но до завршување на прилогот истиот не го добивме.

Што сега за Ѓеорѓиев е крајно неизвесно, но струјата неговото семејство го става во крајна економска неизвесност, бидејќи практично половина приход треба да заврши на сметка на ЕВН.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со едукација за рециклажа, децата од Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на планетата земја

Со едукација за рециклажа, децата од д.г. Вера Циривири Трена го одбележаа Денот на...

Добра идеја, тим и јасен план се потребни за успешна реализација на стартап бизнис,

На годинешната Недела на претприемништвото професори од универзитетот Гоце Делчев во Штип и од...

Јорданов работи без градежна дозвола, истакнаа од СДСМ. Јорданов: Од СДСМ прашуваат зошто се работи

Иван Јорданов  гради набрзина, а потоа  дава изјави , сече ленти и снима филмови, ...