Секој трет обврзник во Штип не платил данок за минатата година, поради ова од планираните 48, општината собрала само 30 милиони денари. Процентуално данок платиле 65 односно не платиле 35%.
Сепак, општината во 2023 од граѓаните наплатила 53 милиони денари по основ присилна наплата како граѓанска обврска од изминатите години.
За оваа година ,исто како и лани сите кои не го платиле данокот ги очекуваат решениа за извршна наплата кои се непопуларни и граѓаните ги изложуваат на дополнителни трошоци кои некогаш се повеќекратно повисоки од основните
Проблем со наплатата општината поеднакво има и со граѓаните и со компаниите,што ќе резултира со споменатата принудна наплата бидејки постапката и за физичките и правни лица е идентична.
Во однос на изминатата година процентот на наплата е помал бидејки за 2022 година тој изнесувал 67 а, оваа 65%.
Наплатата на данок на имот за општината е основен бидејки тие пари понатаму се наменети за основни проекти на граѓајните,преку програма и реализација на општинскиот буџет. Со други зборови, доколку граѓаните не плаќаат данок, не можат да очекуваат општината да им излезе во пресрет за решавање на нивните проблеми.