HomeМакедонијаСДСМ го повика обвинителството да провери за колку поскапо градоначалниците на ДПМНЕ...

СДСМ го повика обвинителството да провери за колку поскапо градоначалниците на ДПМНЕ купувале машини

Published on

Надлежното Јавно обвинителство мора да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ. Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти.. категорични се од СДСМ посочувајќи договори за јавни набавки по астрономски суми..

На овие тврдења од ВМРО ДПМНЕ велат

СДС како да имаат вода во уши и песок во очи, ако машините се криминални нека ги обвинат и Центар и Струмица. Истите машини за бележење на коловоз се купени од страна на општините Центар и Струмица, каде што градоначалници се од СДС. Во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДС дека може да се набави.  Оттука следствено на тоа ЈО треба да отвори истрага и за нив, стои во рекацијата на ВМРО ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...