HomeМакедонијаПлатите на овчарите оваа година ќе бидат над 50.000 денари

Платите на овчарите оваа година ќе бидат над 50.000 денари

Published on

Министерот Николовски за 2024 година најави зголемување на субвенциите и воведување на нови мерки а највпечатлива е потврдата дека платите на овчарите од 360, сега ќе достигнат 620.000 денари на годишно ниво.

Важно во оваа нова мерка е тоа што се укинува условот тоа да важи за бачила кои на висина поголема од 700 метри, објави Николовски.

Од останатите мерки, Николовски ги најави и следните:

Зголемување од 50% на 100% за зелена нафта.

Воведување на основна мерка од 6.000 ден по хектар за тутунопроизводители

Субвенционирање за косење и одржување на ливадите од 6.000 денари по хектар

Дополнителни субвенции за производство на грозје со висок квалитет за добивање на високо квалитетни вина со износ од 40.000 денари по хектар,

Зголемување на субвенции за заклано јагне и јаре од 400 денари на 1.000 денари

Зголемување од 4.000 ден на 12.000 ден за крави над 12 месеци.

Исто така за прв пат се воведува мерка која се однесува на корисници на ливади и тоа ливади кои ги користат за напасување на добиток и секако косење и нивно одржување.

Сепак, што овие нови мерки значат за земјоделците кои се во постија потрага на подобри услови за работа и поголема валоризација на нивниот труд?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...