HomeМакедонија11 пензионери од Делчево и Каменица во Италија работеле џабе. До пензиите...

11 пензионери од Делчево и Каменица во Италија работеле џабе. До пензиите неможат да стигнат – никако

Published on

11 пензионери од Делчево и Каменица во Италија работеле џабе. До пензиите неможат да стигнат – никако. Тие неможат да сугнат никако исклуливо поради бирократски причини, пишува Локал актив.

Егзистенцијата на овие некогашни гастарбајтери зависи од договор стар близу 70 години – потпишан меѓу Италија и сега веќе непостоечка држава – Федеративна Народна Република Југославија, во чиј состав некогаш беше и нашата земја.

Во 2014 година, меѓу Македонија и Италија бил потпишан нов билатерален договор за социјално осигурување со кој се регулирани правата на работниците кои дел од стажот го поминале во другата држава, како во случајов со македонските пензионери. Договорот, веднаш потоа бил ратификуван од македонска страна. Но, неговата ратификација заглавила во италијанскиот Парламент.

Во меѓувреме, секој месец се зголемуваат бројките на македонските пензионери од Италија, каде живеат околу 70.000 македонски граѓани.

Според истражувањето на Локал Актив, повеќе од 150 лица со вакви проблеми талкаат низ бирократските лавиринти. Само во Делчево се евидентирани десетина пензионери кои се надеваат дека ќе го добијат делот од пензијата што им следува од нивната работа во Италија.Личните истории на Фетах Јашаров и Ѓорѓи Спасевски се дел од многу други слични животни приказни на некогашните печалбари.

Во обид да најде решение за својот прпблем Јашаров , тој повеќепати одел во Фондот за ПИОМ во Скопје, а за проблемот била информирана и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевскаа го известил и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Уште посериозна е приказната и судбината на делчевецот Ѓорѓи Спасевски кој иа примања од само 3000 денари и високи трошоци за лекување .

„По професија сум електричар. Кога наполнив 64 години се стекнав со право на минимална пензија и ја добивав до наполнување на 67 години. Како што си е според законот, два месеца пред да наполнам 67 години, повторно поднесов барање до ПИОМ и до италијанскиот Фонд. На мое изненадување, добив решение за пензија од само 3.000 денари. Парите од Италија, ги нема никаде, објаснува Спасевски.

Кога и дали воопшто ке се реши прбоемот на овие луге е неизвесно иако тие прават се странските пензии да ги дибијат. Од италијанската страна тврделе дека проблемот е во Македонија а овде дека проблемот е во Италија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мирен изборен ден имаше Источниот регион до 17 часот

Источниот регион до 17 часот имаше мирен изборен ден, а гласачи се појавија со...

Сите маркети и други малопродажни места денес беа затворени, но некои компании работеа

Сите малопродажни маркети и други продажни места денес беа затворени и стриктно ја почитуваа...

Паркирање на срамот во Штип

Сите критики ги заслужуваат овие возачи кои агресивно ја уништуваат природата со нивните автомобили...