HomeСветШведска е шокирана од македонската трагедија. Татко си го уби 10 годишниот...

Шведска е шокирана од македонската трагедија. Татко си го уби 10 годишниот син

Published on

Шведска е шокирана од незапамтената трагедија на македонското иселеничко семејство Атанасови, откако на 8ми јануари таткото Делче Атанасов го уби својот 10 годишен син.

Трагедијата се случила во местото Сoдертeље, во близина на Стокхолм.

Според информации на Тв Стар од блиски на семејството пред трагичниот чин, таткото тешко го повредил детето, по што самиот се пријавил во полиција. Екипи на итна помош и полиција во домот на македонското семејство пристигнале и со хеликоптер во напорите да се спаси животот на детето било однесено во болница. Подоцна и покрај сите интервенции, детето починало.

Делче во последните неколку месеци покажуваше знаци на ментална нестабилност, но никој не се сомневаше дека таа нестабилност може да ескалира и да предизвика трагедија. Сите бевме убедени дека се работи за фаза која не е ризична за никого, објаснува нашата соговорничка од Шведска.

По убиството Делче Атанасов е уапсен од Шведската полиција, каде сега се врши психолошко набљудување за да се утврди степенот на неговата пресметливост во време на убиството.

Семејството во кое се случи трагедијата во Шведска живее веке 25 години, каде пристигнале од Кочани, а со потекло од Македонска Каменица.

Таткото убиец на почеток работел како возач, а последните години бил сервисер на лифтови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема бегање од сообраќајните казни. Ќе стигнуваат во плик и со фотографија како доказ

Нема бегање веќе од направените сообраќајни прекршоци и тие ќе стигнуваат на домашна адреса...

До денес никој од претседателските кандидати ги нема собрано потребните 10.000 потписи од граѓаните

До денес ниту еден од 11те канидатите за претседател ги нема собрано потребните 10.000...