HomeЗабаваИгор Дамјанов актер, шоумен и господар на етерот во Бугарија од Виница

Игор Дамјанов актер, шоумен и господар на етерот во Бугарија од Виница

Published on

Игор Дамјанов е медиумски славна личност во Бугарија. Тој е актер, шоумен, стенд ап комичар, водител и едноставно омилено лице.

Игор во себе има неверојатен талент, непосредност, харизма и медиумска привлечност на кои бугарската јавност речиси 20 години и се насладува.

Како Игор Дамјанов од Виница започна и кои му беа почетните очекувања во неговата кариера и животот ?

Но, плановите на Игор не оделе како што тој замислувал, бидејќи тргнале на многу подобро. Како се случуваа нештата.

Сепак, Игор се присетува кој е клучниот момент на пресврт што го промени правецот и тој тргна по патот на успешните.

По ова, неговата кариера се претвара бо брза лента на редење успеси и тој станува дел од големи театарски и телевизиски проекти.

Сепак, кулминацијата веројатно ја доживува како дел од екипата во проектот Господари на етерот низ која доживеа голема национална слава.

Сестраниот талент и неверојатната актерска непосредност го стави во сите списоци на најголемите продуценти кои го ангажираат за колективни, но и индивидуални настапи.

Ова на Дамјанов му овозможи висок професионален статус и тој работи како фриленсер.

Иако, Благоевград каде што тој живее веќе 20 години и Бугарија се едвај 70 километри од неговата родна Виница, во Македонија Дамјанов е малку познат. Имаше ли можности барем дел од неговиот талент да го види и нашата публика ?

Игор често доаѓа кај своите во Виница , но не пропушта ниту проекти кои може да ги сврзат двете земји.

Игор Дамјанов е исклучително скромен, оптимист, дружељубив и секогаш расположен, а на светот и животот гледа како на културен натпревар помеѓу народите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема бегање од сообраќајните казни. Ќе стигнуваат во плик и со фотографија како доказ

Нема бегање веќе од направените сообраќајни прекршоци и тие ќе стигнуваат на домашна адреса...

До денес никој од претседателските кандидати ги нема собрано потребните 10.000 потписи од граѓаните

До денес ниту еден од 11те канидатите за претседател ги нема собрано потребните 10.000...