Пазарот не е обично место каде што се продава и купува. Тоа е место каде што луѓето доаѓаат некого да видат, да сретнат, да разговараат, а потоа и да раскажуваат.
Ова најдобро го знае Ване Јованов со 25 години стаж на штипските тезги кој за ТВ Стар вели дека пазарот е магично место и дека овде се случува се и сешто.
Карактерот и пазарџиската работа Јованов го прават еден од најпознатите поради што практично нема човек кој стапнал на штипскиот пазар, а да не го познава Ване.
Пазарџиството не е само трговија туку многу повеќе. Еснафлк, чаршиски муабет, чист обрас и доверба. Нешто, кое Ване Јованов го има од секогаш.
Иако на почеток животот го однел на работа во некогашна Македонка работите на свое место си дошле одкако таа се сруши како стар дрвен мост, а Ване инстинктот го доведе зад тезгата.
Кога треба да биде тогаш бидува се заедно, па така се појави зетот за ќерка производител на земјоделски производи.
Ване Јованов не е само обично присутен на штипскиот градски пазар, тој е дел од амбиентот кој е нецелосен ако Ване го нема и само еден ден на работа. Неговите колеги за него немаат лош збор, а ниту муштериите. Тоа и го оддржало цели 25 години таму каде што е сега. И не мисли да застане иако има 75 години. Пазарот не е обичен пазар, тој е чаршија која на Ване му е живот.