Суроварите од Ѕвегор се подготвени за дочек на Стара Нова година и за продолжување на неколку столетната традиција.
Традицијата во основа значи истерување на злите духови и почеток на ново берикетно и среќно лето.
Истерувањето на лошите духови е преку традиционални маски кои суроварите долго ги подготвуваат и секогаш се трудат да бидат различни.
Обичајот освен на возрасните се однесува и децата кои ги следат нив, но и кои во сабота вечер ќе се појават на вратите од сите куќи при што од домакините очекуваат сушено овошје, ореви и други подароци.
Суроварската традиција во Ѕвегор, но и во други места трае уште од паганскиот период, за ТВ Стар објаснува етнологот Славко Ѓорѓиев.