HomeМакедонијаСловенечка компанија испраќа порака до нашите текстилни компании. Нема работници и затворивме

Словенечка компанија испраќа порака до нашите текстилни компании. Нема работници и затворивме

Published on

Компанијата Мода Ми&Лан од Горњи Петровац оди во стечај поради недостиг на кадар, потврди  сопственикот Јоц Печеник.

Во следните две години повеќе од половина од вработените ќе заминат во пензија, а кај младите нема интерес за шивачката професија. Пари имало, тие инвестирале речиси два милиони евра, извршиле реорганизација, средиле голем број правни предмети, подмириле итни доспеани побарувања на вработените, делумно го обновиле производство, а исплатени биле сите плати навреме, но се било залудно.

Во намера да се  спаси компанијата  Бил најден и купувач во САД кој би бил подготвен да потпише петгодишен договор што ќе ја одржи компанијата во живот.

„Се договоривме за цената, видовме дека имаме сериозни проблеми со квалитетот на производите, но бевме подготвени да ја поправиме но тие  открија дека во рок од 24 месеци повеќе од 50 отсто од сегашните околу 100 вработени ќе заминат во пензија, а во рок од четири години три четвртини од вработените ќе заминат во пензија по што зделката пропадна”, објаснува  Печеник.

Со други зборови, бизнис има но нема луѓе.

Откако  барајќи кадар ги преорал сите агенции за вработување, средни училишта  и други  институции тој безуспешно  работници  барал во Храватска и Унгарија. Кога дефинитивно сфатил дека ги нема  се одлучил  компанијата  за едно евро да му ја врати на претходниот сопоственик што тој го дбил. 

“Тогаш нашиот воз  застана овде, директорот предложи стечај , управниот одбор го одобри и така ќе ја ставиме компанијата во стечај.Направивме се што знаеме да направиме, се што е можно, но знаеме дека и на глобално ниво оваа индустрија е во прилична криза“, додаде  Печеник.

Кога  оваа порака ќе го стигне нашиот текстилен сектор е прашање на време.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата тактизира, синдикатот упорен. Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема.

Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема, иако некои изјави...

ЦЈЗ Штип: Набавени дополнителни 600 дози на вакцини против сезонскиот грип.

Штипскиот Центар за јавно здравје набави дополнителни 600 дози вакцини против сезонскиот грип. Постојните...

Индиски и непалски ориз “глумат” кочански на пазарот.Трговците го препакуваат и го злоупотребуваат домашниот бренд.

Индиски и непалски ориз се продава на пазарот како кочански се слушна на вчерашната...