Кривична пријава најави директорот на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска за сопственикот на фармата во Амзабегово каде пред три дена почина 45 г. работник.
Според Томовска, инспекторатот утврдил пропусти пропишани со Законот за безбедност во работењето
Несреќата во која животот го загуби Оливер Трајанов, а со тешки повреди за живот, во болница се бори уште еден рабтник, се случи во моментите кога најпрвин Трајков, а потоа и неговиот колега се спуштиле да го проверат функционирањето на одводниот фекален систем на Свињарската фарма.