Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека неговата земја, како една од последните членки на ЕУ што го сторија тоа, во наредните месеци ќе ги легализира истополовите бракови и ќе им овозможи на тие парови да посвојуваат деца. Тој додаде дека не сака темата да го подели грчкото општество и дека ги почитува оние кои имаат поинакво мислење, но дека тоа е прашање што е веќе легализирано кај огромното мнозинство членки на Европската унија.