Вкупниот долг на граѓаните кон банките по основ на дозволен минус на плата во ноември 2023 година изнесува околу 113,2 милиони евра, износ на кој банките од 1 јануари годинава пресметуваат рекордни 14% камата.
“Ги анализиравме и бројките за тоа колку се задолжени граѓаните кај банките со дозволено пречекорување. Според последните статистички податоци на Народната банка, вкупниот долг на населението по овој основ изнесува околу 113,2 милиони евра и во последните 15 години е речиси двојно зголемен”, анализираат од Е Банкарство.
Ретроспективно, на крајот од 2009 година негативното салдо на граѓаните по основ на тековни сметки изнесувало 59,7 милиони евра. Оттогаш континуирано расте и во ноември лани ги достигна сегашните рекордни 113, 2 милиони евра.
Интересен индикатор е тоа што задолженоста кај граганите не се базира на нивото на негативните камати туку на реалните финансиски потреби. Во минус тие влегуваат во секој случај.
Според податоците на Народната банка, пондерираните каматни стапки на негативните салда по основ на тековни сметки на ниво на банкарски сектор во периодот од 2015 до 2018 година се движеа во стабилен распон од 11,26% до 11,35%. Од 2019 година започнува надолниот тренд и до мај 2022 година стигнуваат ди најниското ниво од 9,28% за сега да достигнат кулминација од 14%
Ако се спореди долгот на граѓаните кон банките по основ на дозволен минус со останатите кредитни производи, се забележува дека граѓаните многу повеќе им должат на банките по основ на кредитни картички (околу 163 милиони евра), за кои банките пресметуваат за нијанса пониски каматни стапки од 11,21%. Во секој случај, долгот расне, минусите се се поголеми а граѓаните финансиски паѓаат се подолу.