HomeМакедонијаПо 5 години, 33 рочишта и променети 4 судии некогашниот градоначалник на...

По 5 години, 33 рочишта и променети 4 судии некогашниот градоначалник на Карбинци Зоран Минов ослободен од обвинение

Published on

По 5 години, 33 рочишта и променети 4 судии некогашниот градоначалник на Карбинци Зоран Минов ослободен од обвинение за злоупотреба на службената положба. По добивање на конечната  ослободителна судска одлука, Минов изјави.

Повеќе од 5 години бев чест гостин во Штипскиот суд и на 33 рочишта на своја кожа ја осетив неправдата и двојниот аршин на судскиот систем. За ова време на мојот предмет се променија 4 судии и 3 обвинители, и на сите нив заедно со мојот адвокатски тим (на кој сум му посебно благодарен) одново им објаснувавме дека не сум сторил никакво кривично дело туку напротив сум допринел за општината, односно сум заштедил пари”, изјави  Минов.

“Имаше многу напори да го оцрнат моето работење како најуспешен градоначалник со најмногу реализирани проекти и најмногу оставени дела кои и ден денес сеуште се користат за доброто на сите жители.
Правдата иако е бавна не е и недостижна.
Не жалам за ништо, не бегам од ништо и ако некогаш повторно ми се пружи можност да се вложам на било каков начин во развој и креирање на подобра иднина на младите од Општина Карбинци спремен сум повторно да се борам”, изјави бившиот градоначалник на Карбинци Зоран Минов.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник  многу студено и снег . До кога ке се задржи студеното време

 Од понеделник доага драстична временска промена која  ке донесе вистински студено време и снег, ...

Протестот во  виничката гимназија Ванчо Прќе од Понеделник ќе продолжи. Градоначалникот Миле Петков не распиша нов конкурс за директор

Протестот во виничката гимназија Ванчо Прќе од Понеделник ќе се реактивира, потврдуваат извои на...

СДСМ:Виница е невидено загадена. Градоначалникот Миле Петоков е неодговорен и неспособен да го реши проблемот

Сведоци сме на досега невиденото загадување низ целата Општина, како последица на несобирањето на...