Очигледна војна до исцрпување е започната помеѓу тутнопроизводителите, државата и откупуивачите. Пролонгирањето на откупот за нив е вовед во финансиски колапс кој е неизвесно колку тие ќе можат да го издржат.
Кои се размислувањата и стратегијата на тутунарите одкако се поизвесно е дека цената која ја бараат тешко ќе можат да ја добијат.
Парите од ланската реколта за производителите се егзистенција и тие на нив чекаат веќе половина година. Презадолжени се, а требаат пари и за живот. Дали ова нема да го доведе во прашање досега покажаното цврсто единство ?
Во меѓувреме, тутунски од Прилеп пред Нова година ги покачи откупните цени за 10% веројатно испитувајќи го пулсот на производителите. На ова се додава и изјавата на ресорниот министер за максимална откупна цена од 400 денари, што е далеку од бараните 600. Во прашање е откуп на повеќе од 13 илјади тони тутун кој засега стои во складиран во кукните магацини.