Мали се шансите Белград и Приштина да напредуваат во однос на дијалогот оваа година, смета директорот на Центарот за либерални стратегии во Софија, Иван Крастев, додавајќи дека доколку има можност да се случи такво нешто, тоа ќе биде кон крајот на годината, пренесува Репортери. Во интервјуто за Балкан Дебриф, Крастев вели дека иако меѓународниот притисок може да влијае на решението, внатрешната политика ќе биде исто така важна, затоа што „теренот за игра не припаѓа на големите сили“.