HomeМакедонијаДонација од рудник Саса. Македонска Каменица ќе добие нов дигитален Рентген апарат

Донација од рудник Саса. Македонска Каменица ќе добие нов дигитален Рентген апарат

Published on

Македонска Каменица ќе добие нов дигитален Рентген апарат, донација од рудникот Саса, вреден 80 илјади евра, која ќе придонесе за подобри здравствени услуги за жителите од општината. Договорот за донацијата го потпишаа директорот на Фондација Саса, Ивица Талевски и в.д. директорот на ЈЗО Здравствен дом Гоце Делчев од Делчево Гоце Ѓоргевски.

„Здравјето е исклучително важен дел од животот на нашите вработени и локалната заедница и затоа нашата цел како компанија е да водиме грижиме за него. Покрај вложувањата и мерките што ги спроведуваме во рамки на САСА, наменети за нашите вработени, со задоволство донираме и во системот на јавното здравство со цел да помогнеме да се одржи неопходно ниво на здравствена заштита за луѓето од целата наша заедница“, изјави директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски. 

„Оваа најсовремена опрема за дигитална радиографија ќе овозможи значително зголемување на квалитетот на сите рендген снимања и ќе овозможи прецизно поставување на дијагноза и соодветен третман на пациентите. Тоа е од особено значење за локално население на општина Македонска Каменица, изјави директорот на Здравствениот дом „Гоце Делчев“,Гоце Ѓоргевски.

Донираната опрема претставува најнов модел на современ медицински апарат, произведен во 2023 година, што користи најнапредна дигитална технологија која овозможува извршување на прецизни рендген снимања и дијагноза. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималецот од место нема да мрдне до март

Најмалку до март минималната плата ќе остане на сегашното ниво,односно,23.500ден.потврди министерот за економија Бесар...

Министерот Дурмиши признава:Видливо намалување на цените нема

Министерот за економија Бесар Дурмиши признава дека видливо намалуање на цените сеуште нема. Дурмиши најавува...

СДСМ: Живото станува се поскап, владините мерки се задоцнети

Животот станува се поскап, а  мерките на владата се  задоцнети и немаат ефект, коментираат...