HomeЕксклузивноУште еден уапсен за убиството на Вања, го возел Палевски до Бугарија,...

Уште еден уапсен за убиството на Вања, го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Published on

Четириесет и шест годишен скопјанец е приведен и чека одлука за 48 часовен притвор под сомнение дека извршил кривично дело помагање, односно го возел Палевски кон Бугарија, а потоа и во Турција.

„Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор“, велат од обвинителството.

Од таму посочуваат дека постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.

Вечерва во 20 часот четворицата осомничени за киднапирањето на Вања, меѓу кои и нејзиниот татко ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка за нова одлука за притвор

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема бегање од сообраќајните казни. Ќе стигнуваат во плик и со фотографија како доказ

Нема бегање веќе од направените сообраќајни прекршоци и тие ќе стигнуваат на домашна адреса...

До денес никој од претседателските кандидати ги нема собрано потребните 10.000 потписи од граѓаните

До денес ниту еден од 11те канидатите за претседател ги нема собрано потребните 10.000...