HomeСветСнежно невреме во Словенија, под Триглав висината на снежната покривка е 1,5...

Снежно невреме во Словенија, под Триглав висината на снежната покривка е 1,5 метар

Published on

Снежно невреме во текот на ноќта и утринава предизвика проблеми низ Словенија, а најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде наврнаа метар и пол снег, па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.

Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.

Големо количество снег падна во регионите Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горењска, јави порталот 24ur.com.

Во главниот град Љубљана висината на снежната покривка е четири сантиметри.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата тактизира, синдикатот упорен. Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема.

Седница на Економско социјалниот совет за зголемување на минималецот сеуште нема, иако некои изјави...

ЦЈЗ Штип: Набавени дополнителни 600 дози на вакцини против сезонскиот грип.

Штипскиот Центар за јавно здравје набави дополнителни 600 дози вакцини против сезонскиот грип. Постојните...

Индиски и непалски ориз “глумат” кочански на пазарот.Трговците го препакуваат и го злоупотребуваат домашниот бренд.

Индиски и непалски ориз се продава на пазарот како кочански се слушна на вчерашната...