HomeСветЛидл повлекува божиќен производ: „Претставува ризик по здравјето“

Лидл повлекува божиќен производ: „Претставува ризик по здравјето“

Published on

Хрватската агенција за земјоделство и храна во саботата објави дека државниот инспекторат го повлекол производот „Адвент календар 75гр“.

Причината за отповикувањето е затоа што производителот не го навел алергенот кикиритки на декларацијата.

Производител на „Advent Calendar 75g“ со артикл броеви 5512509 и 5512510 е KDC Pomorzanka од Полска.

Со оглед на тоа што на производот не е означен алергенот од кикиритки, производот може да претставува ризик по здравјето на потрошувачите, а луѓето кои не се алергични и понатаму можат да го користат без ограничувања, објаснуваат од таму.

Лидл на својата веб-страница ги извести потрошувачите дека споменатиот производ се повлекува од употреба бидејќи производителот не го навел алергенот од кикиритки на декларацијата и додава дека ќе ги врати парите на клиентите и без да ја покажат сметката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсурд, незадоволство и петиција. Еден жител ја кочи реконструкцијатав на патот Делчево – Габрово

Само еден жител од делчевското село Габрово ја кочи реконструкцијата на регионалниот пат Делчево-Габрово. Незадоволни,...

Меѓународен ден на Децата на улица. Зошто на улиците се само деца Роми ?

Скоро сите деца на улица се од Роми, потенцира Васка Бајрамовска-Мустафа, советничка на омбудсманот...

Рачно изработен кујнски прибор од дрва. Љубов на дедо Санде од Врсаково

76 годишниот дедо Санде од Врсаково веќе половина век изработува кујнски прибор од дрва,...