HomeСветЗемјотрес од 5,1 степен го погоди Истанбул, нема информации за жртви

Земјотрес од 5,1 степен го погоди Истанбул, нема информации за жртви

Published on

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во реонот на Истанбул.

Земјотресот се случил во 10:42 часот по локално време и е силно почувствуван во многу области на градот, главно долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова.

Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во заливот Гемлик во Мраморното Море, на длабочина од девет километри.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека нема извештаи за жртви или штети во градот.

Турските телевизиски канали јавија дека земјотресот предизвикал страв кај населението во голем број области на Истанбул, главно на азискиот брег.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...