Човекот кој 42 години ставаше ,,глава во торба” за да спасува животи

Цели 42 години на Кирил Коцев – Пелтеко од Штип ,,главата му беше во торба”, толку време тој беше возач на Брза помош во Здравствениот дом и КБ Штип секојдневно брзајќи повеќе отколку што треба за да спасува животи.

За сите години Коцев не знае точно да каже колку итни случаи имал за во штипската, но и за болницата во Скопје кога за спас често биле потребни минути, а некогаш и помалку.

Какво е чувството на човек кој секојдневно се соочува со вакви случаи, но и на возач кој мора да вози најбргу што може и заради туѓи животи да го ризикува својот.

За годините кои тој ги поминал како возач тој зборува со рутина, но секогаш не било така. Многу често стресот доаѓал подоцна.

Сепак, какво е чувството кога сигурно знаеш дека брзиот транспорт и огромниот ризик по патот спасиле живот.

Без оглед на ова наредниот пат тој го правел истото, а некогаш и по неколку пати на ден.

За жал,сите итно пренесени од него и од медицинската екипа не биле спасувани, но Коцев вели дека совеста му останала чиста, исто брзал без ништо да гледа освен патот за сите.

Силно пуштените сирени, сепак секогаш не значеа предност и разбирање од другите возачи. Има ли случки кога целата трка со времето му пропаѓала поради туѓа несовесност.

Во брзањето да се спасуваат животи речиси сите спас гледаат во лекарите, но ризикот е на возачите на Брза помош. Дали некогаш некој го видел тоа и му се заблагодарил.

Кирил Коцев – Пелтеко сега е во пензија и за работата вели дека му недостасува. Сега оди и полека и вози полека. И конечно, се грижи за себе, вели дека по цели 42 години главата од торба ја извадил.