Честитки од Ковачевски и Мицкоски по повод Христовото Раѓање Божиќ

По повод Христовото раѓање Божиќ, честитки до сите православни христијански верници денес упатија премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Честит Бадник! Најрадосната вест за раѓањето Христово, раѓа нова надеж. Бадник, во сите домови каде се чествува, нека донесе добро здравје и нека ги сплоти семејствата во радост и спокој.  А сплотени сите заедно во родната земја, да направиме нов чекор напред во изградбата на перспективно општество, со среќни луѓе.  Нека е за многу години денешниот голем празник Бадник!, напиша Ковачевски.

Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани  им го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ. Овој ден на кој го славиме животот, новите почетоци и семејството нека ви донесе многу здравје, радост и среќа во вашите домови кои ќе ве следат низ целата година. Христовото раѓање не потсетува на Божјата љубов, милосрдие, меѓусебно да се разбираме и почитуваме, да бидеме хумани и да си помагаме, особено сега во овие тешки времиња со кои се соочуваме.  , честиташе Мицкоски.