Дечињата со песната ,,Вечниот бог” го најавија Христовото раѓање по штипските улици. Поворката тргна од црквата Св. Никола, а заврши на плоштадот Слобода каде дечињата ги пречека градоначалникот Иван Јорданов и им подели пакетчиња.
Ова е 7ма година по ред како во Штип се организира Бадникова поворка, но за прв пат на плоштадот беше сместена поголема Пештерка каде се родил Исус.
Освен во Штип Бадникова поворка денес имаше и во Карбинци, Кочани, Свети Николе, Виница и во многу други градови ширум Државата.