Ако не се промени ништо, во следните педесетина години земјава ќе остане без дополнителни половина милион жители. Или со истите параметри што важеа во 2022 година, во 2070 година бројот на жители во земјава ќе се намали од сегашните 1,8 на 1,3 милион, анализира Блумберг Адриа.
Кога на овие потенцијални 500.000 жители што ќе ги нема во земјава во наредниот период ќе се додадат уште околу 700.000 илјади македонски државјани што во моментов престојуваат во странство, излегува дека ќе се изедначи бројот на лица со македонско државјанство во Македонија и надвор од неа.
Минималната плата низ годините е предмет на дебата меѓу економистите, работодавците, синдикатите и владејачката гарнитура од која било провениенција. Уште пред стартот на 2024 година владините претставници се пофалија дека согласно нивните пресметки од март годинава минималната плата ќе изнесува 22.500 денари или ќе се биде зголемена за 2.325 денари.
Животниот стандард на најниско платените работници со самиот раст на минималната плата се подобрува, и нејзиниот раст служи како основа за зголемување на останатите плати. Сепак не се исклучува инфлаторниот ризик, кој може да се контролира со механизмите на монетарната политика, сметаат економските експерти.