Над 100 хуманитарни бадникови пакети подели општина Штип на најранливите семејства

Градоначалникот Иван Јорданов денес додели над 100 хуманитарни бадникови пакети на семејства на кои им се најпотребни за да можат и тие да го прослават празникот како и сите останати.

Градоначалникот Јорданов посочи дека празниците се вистинското време да се подаде рака и да се помогне на некој.

Ова е трета година по ред како општина Штип на своите граѓани им помага за празниците.