Бадникова поворка го најавија Христовото раѓање во Карбинци

Во карбинската општина денеска децата ја реализираа Бадникарската поворка од црквата Вознесение Христово до плоштадот во село Карбинци. Носејќи ја ѕвездата предвесник за раѓањето Христово и пеејќи Бадникарски песни, тие ги споделија своите впечатоци.

Радосниот момент за овој празник еден од најголемите кај православните христијани ја споделија и возрасните карбинчани.

На плоштадот, децата ги пречека градоначалникот Виктор Паунов. На секој од учесниците во поворката тој им подели божиќни подароци.

Бадникарската поворка денеска за прв пат се организира, со тенденција, да добие традиционален карактер.